Дали барате место за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.
Хонвед – Работнички: Над 2,5 погодока
„Романтичарите“ денеска гостуваат во Унгарија и ќе се обидат да ја одбранат предноста од 2-1 која ја остварија во Скопје минатата недела. Хонвед важеше за голем фаворит по ждрепката за првото коло од квалификациите во Лига Европа, но Работнички покажа дека знае како треба кога е во прашање натпревар од Европа, го совлада противникот и сега има реални шанси да се надева на пласман во следната руна. Тренерот Ѓоре Јовановски беше задоволен од изданието на своите избраници и вели дека победата им ја подигнала самодовербата и им покажала дека можат да се носат со противникот и покрај тоа што на хартија тој треба да биде поквалитетен. Според неговите зборови Работнички нема да се брани на „Јошеф Божик“ Стадионот и ќе се обиде со гол во гости да стигне до остварување на целта. Тренерот на Хонвед, Атила Шупка не беше задоволен од изданието на неговиот тим во Скопје, па побара поагресивна и поконцентрирана игра на реваншот во Будимпешта и поголема инволвираност на средниот ред во играта на тимот. За овој меч Хонвед има проблеми и со повредите, надвор од стројот се четворица играчи но и покрај тоа квалитетот е на домашната страна и тие влегуваат како големи фаворити за победа на овој меч. Но и „Романтичарите“ си имаат свои математики и ќе се обидат да обезбедат подолго европсо лето.
За да заштедите време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на најдобриот софтвер за обложување.
Црвена звезда – Спартакс: Победа на домаќинот и од 2-4 погодоци
Шампиинот на Србија имаше лесна ждрепка во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите и за противник го доби Спартакс од Летонија. Сепак Црвена ѕвезда не успеа на првиот меч во Рига да ја оправда фаворитската улога. Избраниците на Милојевиќ ја има иницијативата, се обидуваа да го сркшат отпорот на противникот, но им недостасуваше креативност во играта и финално додавање со кое ќе се отвори резултатот, па мечот заврши 0-0. Па разликата во квалитет Црвена звезда сега ќе треба да ја покаже пред своите фанови на стадионот „Рајко Митиќ“. Летното засилување Лоренцо Ебесилио треба да добие шанса од првата минута и да покаже дека може да биде предводник на оваа екипа. Промена веројатно ќе има и во форот, Павков ќе го предводи нападот во отсуство на недоволно опоравениот Никола Стојиљковиќ, и со тоа Ел Фарду Бен ќе ја задржи позицијата десно крило. Гостите пак влегуваат во овој меч со голема самодоверба откако успеаа да одолеат на нападите на првиот меч. Првенството во Летонија е во полн ек, па тука Спартакс има предност во однос на Црвена звезда, која допрва влегува во ритам. Не се очекуваат поголеми промени во составот на Гришин, ниту пак во пристапот, гостите со сцврста игра во одбрана ќе се обидат да обезбедат позитивен резултат. Сепак, Црвена звезда е далеку поквалитетен состав и сигурно од првата минута ќе нападнат силно за да ја обезбедат победата која им носи пласман во второто коло од квалификациите. Но не треба да се очекува многу погодоци, бидејќи Спартакс јна првиот меч покажа дека е прилчно организиран во дефанзивата.
Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.