Дали барате место за да ставите облози на некој од подолу наведените
натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.
Арсенал –
Манчестер Сити: Повеќе од 2,5 погодока
Дербито на првото
коло во Премиерлигата се игра на Емирати, Арсенал го пречекува шампионот
Манчестер Сити. Ова лето имаше доста промени кај „Топчиите“, најголемата е
заминувањето на Арсен Венгер и пристигнувањето на Унаи Емери. Во клубот
пристигнаа и неколку засилувања како Лукас Тореира, Бернд Лено, Сократис Папастатопулос,
Метео Гендузи и Стефан Лихштајнер. Од звучните имиња си замина само Џек Вилшер,
кој сакаше да продолжи но по разговорот со новиот тренер се пресели во Вест Хем
во потрага на поголема минутажа. Манчестер Сити пак ќе се обиде да стане првиот
тим кој ја одбранил титулата во последните десет години со речиси истиот тим од
минатата сезона, Пеп Гвардиола донесе само едно засилување во името на Ријад
Марез. Но Шпанецот и онака имаше силен состав на располагање и тоа го покажа во
Комјунити шилд мечот каде „Граѓаните“ лесно го совладаа Челси со 2-0. За
воведното коло од Премиерлигата, Арсенал има проблем на левата бековска поција.
Начо Монреал и Сеад Колашинац не се во комбинација, а на големо изненадување
Емери на последниот тренинг експериментираше со Дени Велбек како лев бек, иако
многу поверојатно е младиот Нилс да се најде во стартните 11. Арон Рамзи е под
знак прашалник поради ситна повреда и за неговата инволвираност ќе се одлучи во
последен миг. За овој меч и Пеп Гвардиола има оредени прашалници, Кевин Де
Брујне и Рахим Стерлинг доцна се приклучија на подготовките, додека пак Давид
Силва не одигра ниту една минута поради повреда и нејасно е дали ќе се врати во
тимот против Арсенал. Данило сигрно нема да биде во комбинација откако се
повреди со Бразил на Светското првенство. Манчестер Сити има три победи во низа
над Арсенал па гостите влегуваат како фаворити во овој меч. Исто така Пеп
Гвардиола играл против Унаи Емери десет пати во Шпанија и никогаш не загубил
меч. Ова е седми пат како „Топчиите“ на домашен терен ја отвараат новата сезона
и на претходните натпревари имаше дожд од голови. Минатата сезона Арсенал со
4-3 славеше над Лестер, а сезоната претходно Ливерпул на Емирати триумфираше со
4-3. Па неутралните љубители на фудбалот немаат ништо против да видат нов
спектакл а со оглед на офанзивните играчи со кои располагаат двата тима, за
очекување е нов меч со многу погодоци.
За да заштедите
време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на најдобриот софтвер за обложување.
Барселона –
Севиља: Победа на домаќините
Новата сезона во
Шпанија започнува денеска со мечот од Суперкупот. За разлика од минатото, сега
ќе се игра само еден натпревар и тоа надвор од Шпанија, домаќин на Барселона и
Севиља ќе биде Мароко и градот Танжер. Овие два противника се сретнаа и во
финалето од Купот, тогаш „Каталонците“ славеа со убедливи 5-0 но тешко дека
овој резултат ќе биде повторен денеска. Во двата тима има доста промени,
особено кај „Андалузијците“, кои имаат и нов тренер во името на Пабло Мачин.
Барса пак остана без легендата Андрес Иниеста, и неговото отстуство тешко ќе
може да биде надополнето. Останува да се види за каков тим ќе се одлучи Ернесто
Валведер со оглед на тоа дека главните ѕвезди на тимот како Лео Меси, Луис
Суарез, Филипе Кутињо, Жерард Пике, Жорди Алба и Серхио Бускет немаат ниту една
минута на подготовките. Севиља го нема овој проблем, но Мачин има друга дилема.
Тие играат во квалификациите од Лига Европа, во четврткот со 1-0 го совладаа
Жалгирис и ги чека нова пресметка и далечно гостување во Литванија следната
недела. Севиља по традиција е незгоден противник и секогаш им создава многу
проблеми на „Каталонците“, но може да се пофали само со една победа на
последните 22 меча со Барса па затоа и вечерва ќе биде аутсајдер. Исто така на
последните шест меча помеѓу Барселона и Севиља имало три или повеќе погодоци.
Па за очекувње е двата тима во добро светло да се престават пред публиката во
Мароко, да понудат офанзивен фудбал и да се надигруваат за првиот трофеј во
сезоната.
Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.