Бидете број 1 во обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија.
Манчестер јунајтед – Ливерпул: Победа или реми за гостите
Најголемите ривали во Премиерлигата, Манчестер јунајтед и Ливерпул ќе се
сретнат вечерва во рамките на Интернационалниот куп на шампиони, „Мичиген Стадионот“
еден од најголемите фудбалски арени во светот ќе ги пречека двата најтрофејни
клубови од Англија. Покрај случувањата на теренот, интересен ќе биде и дуелот
крај аут-линијата, Мурињо и Клоп мечот го зачнаа со провокации преку медиумите.
Сепак ова се работи за контролен натпревар кој служи за двата тима што е можно
подобро да се подготван за предизвиците во новата сезона, па веројатно нема да
има толку искри. „Црвените“ влегуваат во овој дуел како благ фаворит со оглед
на тоа дека Јирген Клоп бидејќи најголемиот дел од ѕвездите на тимот се
приклучија на подготовките додека пак „Ѓаволите“ прилично споро влегуваат во
ритам и се мачат особено во офанзивата. Откако Марсијал се врати во Европа за
да присуствува на раѓањето на неговото второ дете, Жозе Мурињо за овој меч има
само еден првотимец за форот, односно Алексис Санчез. Немања Матиќ и Антонио
Валенсија исто така нема да бидат во комбинација поради повред. Давид де Хеа се
врати од одмор исто како и новото засилување Фред, кој би можел да дебитира.
Што се однесува до Ливерпул, Клоп се уште не може да смета на рекордното
засилување Алисон, дефанзивецот Дејан Ловрен и напаѓачот Роберто Фирмино, кои
се уште се на одмор по настапот на Светското првенство. Клајн исто така нема да
биде во комбинација откако се врати дома, а под знак прашалник се и Кариус и
Вијналдум, кои се мачат со повреди. Германецот сепак може да смета на
најдобриот поединец од минатата сезона, Салах кој против Манчестер Сити
постигна гол само една минута по влегувањето во игра. Тука е и опасниот Мане, а
шанса треба да добие и Џердан Шаќири, кој ова лето пристигна на Енфилд. Средбите
помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул во последно време не носат многу погодоци,
дури на шест од последните седум имало два или помалку погодоци. Немаше многу
погодоци и на трите меча на „Ѓаволите“ на турнејата во САД, па за очекување е
уште еден меч каде погодоците ќе бидат во втор план и покрај тоа што публиката
ќе сака да види шоу. Исто така се чини дека Ливерпул во овој момент е подобро
подготвен од противникот за победа, па тешко дека Манчестер јунајтед ќе може да
слави.
Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и
највисоки граници и во помали лиги.
Челси – Интер: Победа или реми за гостите
Маурицио Сари ќе го има првиот посериозен тест на кормилото на Челси,
„Сините“ вечерва во Ница се среќаваат со Интер во натпревар од
Интернационалниот куп на шампиони. Италијанецот авантурата на жешкото столче на
Стемфорд Бриџ ја започна со триумф над Перт Глори, но ова ќе биде еден сосема
поинаков предизвик. Интер пак ќе се обиде да го подобри впечатокот откако триумфираше
на само еден од четирите подготвителни меча и тоа оној првиот против Лугано.
Потоа следуваше пораз од Сион, реми од 3-3 против Зенит и реми од 1-1 против
Шефилд. Маурицио Сари се уште не може да работи со целиот состав, Азар, Куртоа,
Канте и Жиру се на одмор по настапот на Светското првенство, но прашање кои се
од нив ќе биде во Лондон кога ќе започне новата сезона со оглед на тоа дека,
Реал Мадрид, ПСЖ и Атлетико Мадрид пројавуваат сериозен интерес. Стратегот ќе
може да се потпре на триото од Шпанија, Фабрегас, Педро и Мората, како и
засилувањето од Наполи кое пристигна во пакет со него, Жоржињо. Лучано Спалети
пак речиси го има целиот тим на располагање. Наинголан ја санираше повредата,
исто како и Политано, додека пак Далберт останува под знак прашалник откако го
повреди рамото против Шефилд и доби маска со кислород на теренот. Физичката
подготвеност во овој период е многу важна и се чини дека Интер е малку понапред
во однос на Челси па токму ова може да биде адутот на „Нероаѕурите“ за поволен
резултат.
Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените
натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.