BET-IBC совети за обложување: Две мега пресметки во Мадрид, Реал го пречекува Милан а Интер гостува кај Атлетико

by
4 минути читање

Бидете број 1 во
обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија.

Реал Мадрид –
Милан: Повеќе од 2,5 погодока

Хулен Лупетеги вечерва
ќе се промовира пред домашната публика, Реал Мадрид го пречекува Милан во
рамките на „Трофејот Сантијаго Бернабеу“. За двата клуба ова ќе биде последна
контролка пред стартот на новата сезона која за „Кралевите“ започнува во среда
против Атлетико Мадрид во Суперкупот на Европа додека пак Милан следниот викенд
игра против Џенова на стартот од новата сезона во Серија А. За пресметката,
Лупетеги ги повика сите играчи кои ги има на располагање, новајлијата Тибо
Куртоа се најде во составот и покрај тоа што има само два тренинга зад себе, а
повик доби и Лука Модриќ, кој во средата се приклучи на подготовките но
неговата иднина е под знак прашалник откако Хрватот доби богата понуда од
Интер. Останува да се види каква ќе биде нивната инволвираност и доколку
добијат шанса тоа веројатно ќе биде од клупата во второто полувреме. За
очекување е „Кралевите“ мечот да го започнат со најдоброто со кое располагаат
во овој момент а тоа Навас на голот, Карвахал, Варан, Рамос и Марсело во
одбраната, Касемиро, Крос и Иско во средниот ред и Асенсио, Бејл и Бензема во
нападот. Што се однесува до Милан, на овој меч Гонзало Игуиан треба да дебитира
за „Росонерите“ по трансферот од Јувентус. Второто големо засилување, Калдара
веројатно мечот ќе го започне помеѓу резервите а во срцето на одбраната Мусакио
ќе му прави друштво на Ромањоли. Реина на повреда, па Донарума ќе биде на
голот, додека Калабрија и Родригез на бековските позиции. Кеси, Биња и
Бонавентура треба да го сочинуваат средниот ред а Сусо и Џалханоглу да бидат
поддршка за „Пипита“ во нападот. За последен пат кова овие два тима се сретнаа пред
три години мечот заврши без погодоци, но фановите се недеваат дека ќе гледаат
реприза на претходните два пријателски натпревари на кои имаше вкупно 12
погодоци.

Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници
и во помали лиги.

Атлетико Мадрид –
Интер: Победа или реми за домаќините

На само десетина
километри од „Сантијаго Бернабеу“, ќе има нова пресметка на тимови од Мадрид и
Милано, на „Ванда Метрополитано“, Атлетико го пречекува Интер во последниот
дуел од овогодинешното издание на Интернационалниот куп на шампиони. И овој меч
е последен тест за двете екипи пред стартот на новата сезона, „Колчонероси“ ќе
играат против Реал во Суперкупот на Европа, а Интер на стартот од Серија А
гостува кај незгодниот Сусаоло. Атлетико Мадрид ова лето беше прилично активен
и донесе неколку добри засилувања. Диего Симеоне ќе биде на слатки маки бидејќи
има избор за секоја позиција а конкуренцијата е особено голема во нападот. Се
очекува Диего Коста да ги има првите минути на подготовките откако доби
продолжен одмор а друштво може да му прави првата ѕвезда на тимот Антоан
Гризман, кој ова недела се врати на тренинзите. Во случај Французинот да го
почне мечот од клупата, Томас Лемар и Анхел Кореа ќе бидат поддршка за Диего
Коста. Саул Нигез и Коке се сигурно во средниот ред, само прашање е дали Томас
Парти или Родри ќе го окупира последното место. Облак се враќа на голот, а пред
него одбраната ќе ја сочунуваат Хуанфран, Годин, Хименез и Филипе Луис. На
спротивната страна, Интер и за овој меч ќе биде без Наинголан, кој се опоравува
од ситна повреда. Икарди ќе го предводи нападот, Лаутаро Мартинез ќе му биде
поддршка. Спалети веројатно повторно ќе ескпериментира малку со составот и Асамоа
ќе добие поофанзивна улога и ќе игра по крилната позиција, додека последното
место во форот ќе му припадне на Политано. Далберт импресионираше на подготовките
и Бразилецот се очекува да го задржи местото лев бек, а покрај него во
одбраната уште ќе се најдат и Миранда, Шкринијар и Д’Амброзио додека Хандановиќ
ќе биде на голот. Атлетико и Интер за последен пат се сретнаа во 2010 во
рамките на Суперкупот на Европа, тогаш „Колчонероси“ испаднаа како подобар
противник. За разлика од тогаш, Атлетико е благ фаворит вечерва и за очекување
е избраниците на Диего Симене да стигнат до позитивен резултат и покрај тоа што
првична намена на овој меч ќе биде што подобро да се подготват за битката за
првиот трофеј во сезоната.

Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×