Дали барате место
за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.
Наполи – Киево:
Победа на домаќинот
Наполи и Карло
Анчелоти вечерва ја имаат третата контролка, која воедно ќе биде и првиот
посериозен тест бидејќи противник ќе им биде прволигашот Киево. Мечот во Тренто
ќе биде можност за Карло Анчелоти да им даде минутажа на играчите кои подоцна
се приклучија на подготовките поради продолжениот одмор по настапот на
Светското првенство и полека да го склопи стартниот состав. Се очекува тој да
продолжи со формацијата 4-3-3, Карнезис ќе биде на голот, Хисај и Марио Руи на бековските
позиции а Кулибали би можел да застане во срцето на одбраната покрај Албиол. За
средниот ред опциите се неколку, Хамшик би требало пред Диавара да добие шанса
како поповлечен играч за врска а пред него да бидат Ален и Фабиан Руиз, но
опција е и Зјелински. Анчелоти има неколку опции и за нападот, Милик би можел
да добие прилика да го предводи форот заедно со Каљехон и Инсиње, а шанса
чекаат и Верди и Инглесе. Што се однесува до Киево, „Летечките Магариња“ горе
долу го имаат истиот состав од минатата сезона. Се очекува и Д’Ана да употреби
4-3-3 формација за овој меч со Меџорини, Степински и Џакерини во нападот,
Кијин, Хетемај и Радовановиќ во средниот ред, Качаторе, Бани, Томовиќ и Депаоли
во средниот ред и Секулин помеѓу стативите. Киево исто како и Наполи ги доби
претходните два пријателски натпревари, но се чини дека вечерва нема што да
бара. Квалитетот е на страната на Наполи, па и покрај тоа што ќе има голем број
на замени во второто полувреме, „Наполитанците“ се очекува лесно да го добијат
овој меч.
За да заштедите
време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на најдобриот софтвер за обложување.
Фламенго – Спорт Ресифе:
Помалку од 2,5 погодока
На Маракана во
Рио де Жанеиро, Фламенго се среќава со Спорт Ресифе. Домаќините во овој меч
влегуваат како лидерите на табелата по 15 одиграни кола во Серија А. Кај
домаќините, надвор од комбинација поради повреда се Родолфо и Берио, додека под
знак прашалник се Диего, Родинеи, Рене и Куељар. Гостите немаат проблеми со
повреди но ги загрижува слабата форма. Спорт Ресифе гостува на Маракана по
серија од три порази, а од последните пет меча имаат освоено само еден бод и
затоа се наоѓаат на 12. позиција на табелата. Како увертира за овој меч,
Фламенго на фановите ќе им го презентира големото засилување кое го договори
пред неколку дена, Витињо од ЦСКА Москва. За овој меч се продадени повеќе од
48.000 билети па се очекува убава атмосфера. Кога се во прашање меѓусебните
пресметки на овие два клуба во последните две години, и Фламенго и Спорт Ресифе
можат да се пофалт со по две победи без примен гол и тоа остварени пред своите
фанови. Исто така, на последните пет меча се постигнуваат два или помалку
погодоци, два или помалку погодоци има и на последните десет меча на Фламенго
во првенството на Бразил. Гостите не можат да си дозволат нов пораз бидејќи тој
само ќе ја продлабочи кризата и ќе донесе поголем притисок, но тешко дека Спорт
Ресифе ќе може да се надева на три бода од овој меч. Фламенго влегува како
огромен фаворит и за очекување е дека домаќините на крајот ќе се радуваат на
трите бода во меч на кој ќе нема многу погодоци.
Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.