Бесните навивачи на Арсенал испратија гнасни пораки до бремената партнерка на „трагичарот“ Хаверц (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед го исфрли Арсенал во ФА Купо, совладувајќи го со 5-3 на пенали откако во регуларното време и продолженијата беше 1-1.

Еден од трагичарите на „топчиите“ беше Каи Хаверц кој освен што не искористи неколку шанси, го изведе најлошиот пенал во серијаат. Германецот биеше млако, а голманот Бајиндир лесно му го скроти ударот кој се испостави како клучен.

По натпреварот бесни фанови ја преминаа границата и на бремената партнерка на Хаверц и пишуваа гнасни пораки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани