Бесир Демири во следната сезона дел од Лигата на шампионите?

by
1 минути читање

Како што
пренесува руски „Спорт Експрес“, 22-годишниот фудбалер на Вардар би можел да се
пресели во Москва, и тоа во тимот кој на три кола до крајот на тамошната
„Премиер Лига“ е недостижен на врвот од табелата, позиција и титула кои му
гарантираат директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите за
следната сезона.

Од целата
ситуација голем профитер би бил токму македонскиот шампион Вардар кој го
договори Демири минатото лето, а тој дојде од директниот ривал за титулата во
нашето првенство Шкендија, која во еден период дури и го суспендираше својот
екс играч. Инаку тој игра на позицијата лев бек, а по потреба играч за врска во
средниот ред, претходно има настапувано и како лево крило.

Вредноста на
Демири на трансфер пазарот барем според престижниот „трансфермаркет“ изнесува
околу 500.000 евра.

Демири е
стандарден член на нашата млада фудбалска репрезентација за играчи до 21
годишна возраст која испиша нови страници во историјата на фудбалот во нашата
земја со пласманот на Европското првенство во Полска.

Фудбалска
Македонија немаше свој претставник или интернационалец во екипите учесници од
Лигата на шампионите сезонава, останува отворено да се види дали токму Демири
ќе биде сигурен интернационалец од нашата земја за претстојната нова сезона кој
ќе земе учество во најсилното европско клупско натпреварување.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

×