Како што пренесува весникот Спорт, Бешикташ сака да го ангажира Марк андре тер Штеген во јануари, идејата е голманот да пристигне во Истанбул на позајмица со опција за перманентен трансфер.
„Каталонците“ минатото лето го ангажираа Жоан Гарсија, инвестираа 25 милиони во негов ангажман, па Марк андре тер Штеген стана вишок и настана тензија.
Германецот потоа се повреди и дополнително се затегнаа односите, но двете страни на крајот ја смирија топката.
Сепак се чини дека Марк андре тер Штеген нема иднина на „Камп Ноу“ и како што пренесува весникот Спорт, Бешикташ сака да и реши голем проблем на Барселона.
Бешикташ сака да го донесе голманот на позајмица до крајот на сезоната, ќе му ја покрие целата плата, како и да има опција во целост да го купи за 8 милиони евра.
Спортскиот директор на „црно-белите“, Едуард Граф игра централна улога во дискусиите и се обидува да го убеди Марк андре тер Штеген дека турскиот клуб е перфектно место за тој да има регуларна минутажа и улога на лидер.