Беше ѕвезда на Серија А, а сега ќе игра футсал за третолигаш

by Стефан
1 минути читање

Екс-репрезентативецот на Белгија и поранешната ѕвезда во Серија А, Раџа Наинголан се одлучи да игра футсал и стави потпис на договор со третолигаш.

Наинголан потпиша со третолигашот од неговата земја, Хасани Мечелен. Во прашање е клуб од близината на Антверп кој е негов роден град.

За овој тим Наинголан веќе одигра неколку натпревари минатата година, меѓутоа сега и официјално е регистриран.

Белгиецот без клуб во фудбалот е од летото кога се раздели со Бајангкар од Индонезија. Во кариерата Наинголан играше уште за: СПАЛ, Антверп, Интер, Рома, Каљари и Пијаченца, а во најдобрите денови вредеше 45 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани