Беше жестоко: Аргентинците и Бразилците си покажуваа кој колку освоил! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Натпреварите меѓу Аргентина и Бразил секогаш се посебни, но вчера како фудбалерите на двата тима да ги поминаа границите на нетрпеливост на едни кон други.

Аргентина го понижи Бразил победувајќи го со 4-1, па дуелот изобилуваше со вербални прекупувања меѓу играчите.

Во еден момент Родриго му рече на Паредес: „Ти си многу лош“.

На тоа Паредес му одговори: „Јас имам освоено едно Светско првенство и два Копа Америка, додека ти имаш нула“.

Во друга ситуација главен беше Винисиус. Неговите титули со кои се фалеше пак немаа врска со репрезентацијата.

„Јас имам две титули во Лигата на шампионите“, им рече Винисиус на неколку аргентински играчи во една жешка ситуација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани