Манчестер Сити и Манчестер јунајтед ќе водат битка и надвор од терените, градските ривали ќе се надмудруваат за потписот на Франсиско Тринкао од Спортинг Лисабон.
25 годишниот Франсиско Тринкао е еден од најдобрите поединци на Спортинг Лисабон, па со одличните партии привлекува голем интерес.
Весникот А Бола објави дека Манчестер Сити и Манчестер јунајтед сериозно загризале за офанзивниот фудбалер.
Спортскиот директор на „граѓаните“, Уго Виана и тренерот на „ѓаволите“ Рубен Аморим добро знаат што може да понуди Франсиско Тринкао, па тие притискаат за една ваква зделка.
Во договорот на Португалецот има клаузула вредна околу 80 милиони евра, и ова е сумата која Спортинг ќе ја бара, особено што голем процент од продажбата и следува на Барселона.
„Каталонците“ треба да добијат околу 50% од зделката, па и тие внимателно следат што се случува со Франсиско Тринкао, кој не се снајде најдобро по трансферот на Камп Ноу во 2020 и беше големо промашување.