Рахим Стерлинг пред неколку денови официјално стана слободен агент, откако Челси реши да го раскине договорот со искусниот англиски фудбалер.
По период во кој беше тргнат од плановите на тренерот Енцо Мареска, Стерлинг не доби нова шанса ниту под водство на Лиам Росениор, па двете страни се согласија на спогодбена разделба.
Англискиот репрезентативец сака да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, а интересот за неговите услуги е сериозен. Според „Sky Sports“, дури седум клубови кои настапуваат во Лигата на шампионите веќе воспоставиле контакт со Стерлинг.
Се очекува фудбалерот наскоро да донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата, откако во минатото настапуваше за Ливерпул, Манчестер сити, Арсенал и Челси.