Колумбискиот напаѓач Џон Дуран до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен фудбалер во Зенит, потврди рускиот клуб.
Дуран има 22 години и во Ал Наср пристигна минатата година од Астон Вила. Во тековната сезона веќе беше испратен на позајмица, тогаш во редовите на Фенербахче, каде запиша 21 настап и реализираше 5 погодоци. Во дресот на колумбиската репрезентација напаѓачот има 17 одиграни натпревари и 3 голови.
Зенит во моментов се наоѓа на втората позиција на табелата во руското првенство со освоени 49 бода и до крајот на шампионатот ќе се обиде да остане во трката за титулата со помошта на новото засилување во нападот.
Интересно е дека зимава за него интерес покажаа клубови како Јувентус, Лил, Волфсбург…