„Бесен сум, ова е срамно, Оле мора да се ослободи од неколку играчи, нема да кажам имиња, сите знаат кои се тие!

by
2 минути читање

Манчестер
јунајтед денеска беше понижен и загуби со 4-0 на гостувањето на „Гудисон Парк“.
Фановите се разочарани од изданието а својот бес не го криеше ниту Гери Невил,
кој беше на трибините како стручен коментатор за Скај Спортс.

„Јас сум бесен,
особено поради фактот што Солскјер мораше по крајот на мечот да појде до
фановите и да им се извини“
– вели легендата на „ѓаволите“.

„Пред две недели
кажав дека фановите беа зад Мурињо, но на крајот сакаа тој да си замине.
Фановите сега не сакаат Оле да замине, тие нема да се свртат кон Оле. Но на
играчите им виси главата“.

„Синоќа го гледав
Манчестер Сити, клуб кој Манчестер јунајтед се обидува да го стигне, топ клуб
на врвот од Премиерлигата, исто како што е и Ливерпул“.

„Бернардо Силва,
Рахим Стерлинг, Кевин де Брајне, Давид Силва. Тоа се два пати подобри играчи од
оние во соблекувалната на Манчестер јунајтед, и не само тоа, работат и двојно
повеќе“.

„Евертон претрча
четири километри повеќе во првото полувреме. Евертон! Доколку го погледнеме
Ливерпул, кои се најголеми ривали, тие го оставаат срцето на терен и се борат за
секоја топка и секој сантиметар на теренот“.

„Искрено, срамно
е да се гледа како некои играчи на Манчестер јунајтед се однесуваа на теренот. Апсолутно
сум бесен. Имам целосна верба во Оле дека ќе го направи она што треба да го
направи. Клубот очиглендо ќе му даде поддршка, но има големи проблеми, морам да
кажам, денешните перформанси беа шокирачки“.

Тој потоа
продолжи: „Не треба да кажувам имиња, сите знаат кои се тие. Тие се по
весниците секој ден, тие се на социјалните мрежи секој ден. Секој играч кој го
нема потребниот став и однесевање… Нема потреба повеќе да споменуваме талент,
во последните 12 или 18 месеци и јас наседнав и говорев „ох тие имаат потенцијал,
тие имаат талент“, но заборавете на ова, доколку не работат доволно напорно или
пак не се однесувате како што треба, морате да се ослободите од ваквите играчи“.

„Гледам како
играат фудбалерите на Ливерпул и оние на Манчестер Сити, како секој викенд добро
го потат заникот. И ги гледам играчите на Манчестер јунајтед како се
шетаат на теренот, се влечат, џогираат кога се враќаат назад. Го видов тоа и
сега и против Барселона на Камп Ноу пред некој ден“.

„Не ми пречи тоа
да се загуби, да се прими гол, да се даде погрешен пас. И јас сум го правел
тоа. Но не смеете да играте и работите под стандардите што се очекуваат во
Манчестер јунајтед“.

„Малку се
излетавме кога Оле дојде и сите го обвинуваа Мурињо и велеа дека тој е е лош
тренер. Но Жозе е еден од најуспешните тренери во последните 20 години, одличен
тренер. И на крајот дури и тој загуби верба во овие играчи. Можам да замислам
дека и Оле ќе го стори истото, и колку повеќе ги гледа, толку побрзо ќе загуби
верба во нив бидејќи тие го разочаруваат и него и клубот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×