Моха Рамос, поранешен фудбалер на Реал Мадрид, заврши зад решетки откако судот издаде налог за негово апсење поради сообраќајна несреќа во која со повреда се здобиле две лица.
24 годишнио Моха Рамос е во фокусот на шпанската јавност откако заврши зад решетки.
Голманот, кој сега е дел од Тенерифе, беше во школата на Реал Мадрид и со 16 години доби шанса како резерва во првиот тим.
Делеше соблекувална со Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Лука Модриќ, Герет Бејл, Карим Бензема и уште многу други звучни имиња, а беше и дел од составот на „кралевите“ кој во 2018 стигна до титулата на Светското клупско првенство.
Но окако не успеа посериозно да се наметне на Бернабеу, промени неколку клубови и на крајот се врати дома, во редовите на Тенерифе.
Изминатиов викенд тој заврши зад решетки откако судот издаде налог за негово апсење поради сообраќајна несреќа во која настрадале две лица.