Беше големо промашување во Интер а на Фламенго му донесе две титули во Копа Либертадорес! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Габриел Барбоса
беше големо промашување во Интер, но популарниот Габигол е таличен за Фламенго
и на „црвено-црните“ од Рио им донесе втора титула во Копа Либертадорес во
последните четири години.

Вчера, напаѓачот
го постигна едниствениот погодок во победата од 1-0 против Атлетико Паранаенсе
на „Монументал“ во Еквадор.

Длабоко во
судиското надополнување на првиот дел, Габриел Барбоса доби топка на
подалечната статива и реализираше за 1-0, гол кој на крајот значеше нова титула
во елитното натпреварување на Јужна Америка, и билет за Светското клупско
првенство.

Габриел Барбоса беше
јунакот на Фламенго и во 2019, кога со два доцни гола донесе пресврт против
Ривер Плата и триумф од 2-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани