Бесценето, како реагираше Мурињо кога беше потсетен дека Стерлинг веќе има жолт и треба да биде исклучен (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем со 2-0
славеше против Манчестер Сити во последниот натпревар од  25. коло во Премиерлигата. Кон финишот на
првиот дел, се случуваше драма откако судијата со помош на ВАР досуди пенал три
минути по стартот на Орие врз Агуеро.

Лорис го одбрани
ударот на Гундоган, но прв до одбиената топка стигна Стелринг кој падна и
бараше нов пенал. ВАР го проверуваше и овој момент и одлучи дека Англичанецот
одглумил.

Во овие моменти возбудливо беше и
на клупата, каде свое мало шоу имаше Жозе Мурињо. Португалецот се израдува на
одбраната, па со насмевка на лицето спокојно седна на столчето за да се напие вода. Но секунда подоцна
тој летна кај четвртиот судија откако неговиот помошник го потсети дека Стерлинг
веќе има жолт и за глумата треба да добие втор и да биде исклучен. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×