Екипата на Беса го приреди изненадувањето на 24. коло во Првата македонска фудбалска лига, бидејќи на свој терен во Гостивар го совлада шампионот Струга со 3-2. Тргна првакот добро и поведе преку Фал во 11. минута од средбата. Сепак, во продолжението до паузата Беса израмни шреку Шефит Шефити, а на стартот на вториот дел екс-играчот на стружани Меџит Незири погоди за 2-1. Стрелаше Ремзифаик Селмани со третиот гол во мрежата на гостите, а конечните 3-2 ги постави Христијан Малески во 90. минута.
Голема победа забележа и битолски Пелистер на теренот на Шкупи во Чаир (0-1). Битолчани иако поголем дел од натпреварот беа во подредена улога, а останаа и со човек помалку по црвениот картон за Захар Тарасенко на крајот се радуваа. Човек на одлука беше Александар Ристевски кој во 74. минута од средбата погоди за 0-1.
Изненадувачки пораз забележа и Гостивар на теренот на Тиквеш од 2-1. Кавадарчани стигнаа до двојна предност со погодоците на Берат Садик во 15. минута од белата точка и потоа Александар Вареловски во 58. Во завршницата гостиварчани го ублажија поразот со голот на Иван Ивановски.
Силекс славеше на гостувањето кај Брера во Струмица со 0-2 (0-0) и се приближи на две бода зад водечката Шкендија. За кратовчани погодуваа Марко Ѓорѓиевски и Али Алиќ во финишот на средбата.
Воска Спорт во 94. минута избегна пораз од Работнички (1-1). Поведоа гостите во Охрид преку Гандов уште во првото полувреме, ама во последните секунди Осеи донесе бод за Воска.
ТАБЕЛА: Шкендија (50), Силекс (48), Работнички (45), Гостивар (44), Струга (38), Шкупи (31), Пелистер (29), Вардар (22), Тиквеш (21), Брера (21), Беса (21), Воска (19).