Беса експресно се раздели со Бабунски – без ниту еден натпревар!

by Стефан
1 минути читање

Бобан Бабунски нема да ја води Беса во вториот дел од сезоната, иако клубот неодамна ја потврди овва информација.

Имено, Беса попладнево преку социјалните мрежи информираше дека ја раскинува соработката со Бабунски.

„По несогласувањата и промената на ставот на тренерот клубот ја прекина соработката“, стои во објавата на Беса.

Така Бабунски ќе замине од Беса без ниту еден натпревар на кормилото на овој тим. Подготовките за вториот дел од сезоната Беса ќе ги започне на 10 јануари, но засега не е познато со кој предводник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани