Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва удри по своите соиграчи и порача дека завршните минути од мечот против Манчестер јунајтед ги одиграле како деца од У15 тимот.
Манчестер јунајтед ја продолжи кризата на Манчестер Сити откако го доби градското дерби и покрај тоа што губеше практично до самиот крај.
Со два гола во 120 секунду (88. минита и 90. минута), „ѓаволите“ го шокираа локалниот ривал и ги однесоа трите бода.
Разочарувањето кај „граѓаните“ е огромно, а по крајот на натпреварот, Бернало Силав излезе со брутално искрен коментар.
„На ова ниво, можеме да речеме дека не сме имале среќа на еден или два натпревари. Не можеме да говориме за среќа или немање среќа кога 10 натпревари се мачиме“ – вели Португалецот.
„Се игра 87. минута, водиме со 1-0, изведуваме корнер и некако акцијата се завршува со пенал за противникот. Кога правиме вакви глупави грешки на три-четири минути до крајот, заслиживме тоа што не снајде“.
„Само еден тим можеше да победи, а на крајот ние загубивме“.
„Треба да се погледнеме во огледало, вакви работи често ни се случуваат во последно време. Не е дека немаме среќа, проблем се одлуките кои ги носиме. Денеска, во завршницата од мечот игравме како деца од У15 тимот“.