942
Јувентус синоќа
дојде до победа од гостувањето кај Каљари со 0-2, Старата дама ја оправда
фаворитската улога против екипата која се уште нема излезено од опасната зона,
а головите за победничкиот табор ги постигнаа Бонучи и Кин.
Бернардески
постигна една асистенција во победата на Јувентус, и тоа во водечкиот гол на
Бонучи, сепак, италијанскиот репрезентативец се посрамоти во еден свој обид
само осум минути по асистенцијата за Бонучи, откако при обид да го загрози
голот на домаќините, „погоди“ на средината помеѓу корнер знаменцето и голот на
Каљари…
Бернардески
сезонава на 22 настапи успеа да постигне два гола во дресот на италијанскиот
шампион во Серија А.