Федерико
Бернардески одлично ја почна новата сезона, на четири настапи во дресот на
Јувентус постигна два погодоци, за себе вели дека засега работите се одвиваат
добро зад неговото име, а тој би сакал да продолжи по истиот пат.
„Мислам дека има
големо подобрување во мојата игра, би сакал да продолжам во исто темпо,
сезоната е долга и имаме уште многу натпревари за играње“ рече тој.
Офанзивецот на
Старата дама го даде и своето мислење на често дискутираната тема за тоа кој е
најдобриот во светот на фудбалот, Бернардески нема дилеми во својот избор,
смета дека тоа е неговиот соиграч.
„Според мене
Роналдо е најдобриот фудбалер на светот, одличен фудбалер и пред се’ одлична личност, тој е премногу важен во
нашиот тим“ истакна Бернардески.