Бернардески на продажба

by
1 минути читање

Офанзивецот на
италијанскиот првак Јувентус, Федерико Бернардески би можел да биде продаден во
летниот преоден рок доколку не го импресионира Маурицио Сари, а се
поблиску е до едно такво сценарио,
известува „Калчомеркато“.

Истиот медиум
додава дека 25 годишниот Италијанец не успеал да ги убеди челниците на
Јувентус, барем не досега, за квалитетот и потенцијалот со кој располага од
неговиот трансфер од Фиорентина во 2016. година.

Бернардески
досега запиша 88 настапи во дресот на „Старата дама“, постигна 9 погодоци, а
дополнително реализираше и 11 асистенции.

Во Италија веруваат
дека во Јувентус расте желбата да се продаде Бернардески, првично поради
неговата висока плата, која не носи никаков бенефит за клубот, а има важечки
договор со италијанскиот првак со важност до 2022. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×