Јувентус е се
поблиску до реализација на долго најавуваниот трансфер на Федерико Бернардески,
фудбалерот на Фиорентина кој е интересен за повеќе гиганти во Европа,
вклучително и Манчестер јунајтед.
Сепак, последните
најави за трансфер на Бернардески во Јувентус, не им се допаднаа на навивачите
на Фиорентина, кои пред стадионот на својот омилен клуб поставија транспарент
со погрдни зборови кон Бернардески.
„Кој не би ти
плукнал во лице…“ гласеше дел од пораката на фановите на Фиорентина.
Познато е дека
Јувентус има фан клубови во цела Италија, освен во Фиренца, сево ова доаѓа по
1990. година кога Роберто Баџо од Фиорентина премина во редовите на Јувентус.
Навивачите на тимот од Фиренца по трансферот на Баџо го запалија фан клубот на
Јувентус, истиот беше повторно отворен и уште еднаш запален.
Италијанскиот
шампион нема да се штеди за 23 годишниот
фудбалер, па така испрати понуда вредна 40 милиони евра, а дополнително во
истата го вметна и Стефано Стураро.
Бернардески во
ланската сезона постигна 13 погодоци на 32 натпревари, речиси сигурно ќе го
напушти тимот од Фиренца ова лето, очекувањата се трансферот во тимот од Торино
да се официјализира идната седмица.
Вреди да се
издвои и дека медиумите во Италија пренесуваат дека дополнително, освен
Стураро, „жртви“ во целата зделка помеѓу Фиорентина и Јувентус, можат да бидат
Томас Ринкон, или пак, Марко Пјаца.