Бранителот на
шампионската титула во најсилниот фудбалски шампионат на Италија, Серија А,
тимот на Јувентус потешко од очекувањата стигна до триумф на гостувањето кај Киево во Верона во
дебито на Кристиано Роналдо во дресот на Старата Дама.
Мечот од првото
воведно коло од Серија А заврши со резултат 2-3, а гостите први поведоа со
голот на Кедира уште во 3. минута од средбата. На паузата сепак се замина со
резултат 1-1 откако израмни Степински во 38. минута.
Џакерини донесе
голема радост за домашната публика во 56. минута откако од пенал погоди за 2-1,
а Бани во 75. минута со својот автогол донесе нова надеж за триумф за фаворитот
од средбата.
Тоа и се случи,
Бернардески во судиското продолжение погоди за конечни 2-3 по што Старата Дама
со триумф ја започна новата сезона, а ќе додадеме дека Роналдо во Киево ги
одигра сите 90 минути.