Берлускони си ги доби парите па сега ги брани кинеските сопственици: Ги исполнија обврските кои ги превземаа

by
2 минути читање

Конзорциум
предводен од Ли Јонгхонг во април го купи Милан од Силвио Берлускони, и во
првиот трансфер пазар под водство на кинеските газди, „Росонерите“ потрошија
преку 200 милиони евра на засилувања.

Но и покрај тоа
постојано има сомнеж околу целиот проект и тоа колку навистина се богати новите
сопственици на клубот од Сан Сиро.

Неодамна Њујорк
Тајмс објави статија за Ли Јонгхонг и обвини дека тој лажел и не ги поседува
рудниците за кои велел дека му го донеле богатството.

Дополнителен
сомнеж и згриженост помеѓу фановите фрла и тоа што беше земен заем од фондот
Елиот од 300 милиони евра за да се комплетира превземањето на Милан, и наместо
Ли Јонгхонг да го покрие долгот од свој џеб, тој веќе бараат нови кредитори и
инвеститори за да се врати оваа сума.

Сепак, во одбрана
на кинеские газди на Милан скокна Силвио Берлускони, кој 30 години управуваше
со клубот.

„При продажбата
на Милан, Фининвест (компанијата преку која Берлускони го поседуваше клубот)
ангажираше советници, адвокатски друштва и банки со меѓународен рејтинг.
Ивеститорите од Кина секогаш ги исполнуваа превземените обврски, а и реномиран
фонд како Елиот им обезбеди прилично голем заем“
– напиша Силвио на Твитер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани