„Росонерите“
изминативе месеци трошеа како ретко досега, беа инвестирани преку 220 милиони
евра за нови играчи и на Сан Сиро пристигнаа дури десет нови имиња.
Но резултатите на
почетокот од сезоната не се на очекуваното ниво, Милан забележа дури три
порази.
Па Силвио
Берлускони не издржа да ја прокоментира целата ситуација и силно удри по новото раководство и тренерот.
„Клубот е дел од
моето срце, од мојот живот, сакам да бележи добри резултати, па затоа сум тажен” – вели поранешниот сопственик.
„Не ја разбирам
трансфер политиката. Никогаш не сум видел клуб да купи 11 нови играчи во едно
лето. Подобро ќе беше да се купеја помалку играчи, но подобри. Со толку многу
пари потрошени, сигурно можеа да купат некој топ играч”.
Тој и кога беше
прв човек на Милан имаше замерки за Винченцо Монтела, па ниту сега не го
поштеди стратегот, односно изборот на почетниот состав и стилот кој го негува.
„Како може Сусо и
Бонавентура да седат на клупа? Технички тие се најдобро потковани. Милан игра
здодевен фудбал, исто како и секогаш. Му кажував на Монтела кој треба да игра.
Тој само ми велеше во ред, но потоа правеше што сака”.
„Исто така, како
може Бонучи, кој беше икона во Јувентус да ја добие капитенската лента?
Монтоливо требаше да остане капитен”.