Берлускони: Милан има финансиски проблеми, ме загрижува тоа што Ли молчи

by
1 минути читање

Се чини дека во последниов период на големо се говори
околу проблемите кои настанаа околу Милан, кој во богатиот Кинез Јонгонг Ли
доби нов сопственик, откако за сума од 830 милиони евра го купи клубот, а во него
вложи 200 милиони евра за засилувања изминатото лето, со поддршка од
американскиот фонд „Елиот менаџмент“.

Веќе се во некои финансиски проблеми, загрижен сум
поради молчењето од страна на господинот Ли. Доколку тимот продолжи да игра
вака лошо, постои можност да фондацијата „Елиот“ го преземе клубот на пролет,
но вистинскиот проблем е тоа што ќе биде во минус од повеќе од 100 милиони евра
доколку не се пласираат во Лигата на шампионите. Кој и да го купи клубот нема
да мора да плати колку што реално вреди, но ќе има тешка година на опоравување
пред себе, иднината не е сјајна…
“ рече Берлускони.

Милан со 13 бода од девет одиграни натпревари се наоѓа на
средина од табелата во италијанската Серија А, тимот од Милано веќе почна да се
мачи и во Лига Европа, а во својата група ги има АЕК, Ријека и Австрија Виена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани