Берлускони и Галијани до крајот на овој месец ќе ја купат Монца

by
0 минути читање

На почетокот од оваа недела се појавија информации дека Берлускони и Галијани преговараат за купување на Монца, клуб кој се натпреварува во Серија Ц.

Денеска медиумите во Италија пишуваат дека разговорите се во напредна фаза и се очекува до крајот на овој месец зделката да биде комплетирана.

Монца е клуб со 106 годишна историја, но никогаш не играл во Серија А.

Адриано Галијани е роден токму во Монца, а Берлускони има живеено во близината на овој град, па веројатно тоа е мотивот поради кој се интересираат за овој клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×