Берлускони го продаде Милан на сомнителен лик па сега соли памет: Вратете ми го клубот, ќе го направам успешен!

by
1 минути читање

Поранешниот
премиер на Италија по 31 година на чело на „росонерите“, во април 2017 го
продаде Милан на конзорциум од Кина. И покрај тоа што уште тогаш се шпекулираше
дека човекот кој го купува клубот, Ли Јонгхонг е сомнителен лик и дека не е толку богат колку што тврди дека е, зделката се реализираше и Силвио
Берлускони инкасираше преку 700 милиони евра.

Ваквите гласини
се покажаа како точни, Ли Јонгхонг за кратко време снема средства, доцнеше со
исплатите па Милан се најде пред банкрот и премина во рацете на фондот Елиот,
кој всушност го конфискуваше клубот откако бизнисменот од Кина не им ја врати позајмицата.

Фондот Елиот реши да направи реконструкција на Милан и да го врати клубот на
стабилни нозе пред да го продаде, но работите не се одвиваат според планот,
„росонерите“ разочараа минатата сезона, а лошо ја започнаа и новата што резултираше со тренерска промена по
само седум кола.

Случувањата на
Сан Сиро сега ги прокоментира Силвио Берлускони, кој соли памет и вели дека има
решение за кризата.

„Како може Милан
да се врати на славните патеки од минатото? Тоа е едноставно, но во исто време и
тешко остварливо: дајте му го клубот одново на Силвио Берлускони“
– вели поранешниот
премиер на Италија.

Тој имаше замерка
и на коментарите на генералниот извршен директор Иван Газидис, кој побара
поголема почит за Елиот со оглед на тоа дека фондот го спасил клубот од банкрот
и преселба во Серија Д.

„Ова се фрази кои
треба да бидат изговорени само кога некој ќе влезе во тоалет, и пред да каже вакво
нешто, лицето треба да се погрижи вратата да биде затворена“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×