Стивен Бергвејн,
22 годишниот офанзивец кој ги мина сите младински категории за националниот
состав на Холандија, а има и девет настапи за сениорите, има деби за паметење
во дресот на Тотнем по трансферот од ПСВ во јануарскиот преоден рок.
Младиот Холанѓанец
го чинеше Тотнем 27 милиони фунти, а тој дебитираше со гол против бранителот на
шампионскио трофеј во Премиерлигата, Манчестер Сити, постигнувајќи го водечкиот
гол, и тоа на преубав начин со полуволеј.
Бергвејн голот го
прослави на свој традиционален начин, покривајќи го своето лице со едната рака,
како и тоа што спои два прста, па со тоа побуди интерес на Островот, какво е
значењето на таа прослава.
„Тоа не е ништо
посебно, сето тоа доаѓа од играњето ФИФА со моите пријатели“ рече Бергвејн по
мечот кој Тотнем го доби со 2-0.
„Тие ми рекоа ‘направи го тоа вака’, и оттогаш па наваму секогаш прославувам
на таков начин“ додава младиот Холанѓанец.