Бергвајн: Светот ќе види колку е добра лигата во Саудиска Арабија

by riste
1 минути читање

Иако има само 26 години, Стивен Бергвајн тргна по парите во Саудиска Арабија, а тоа наиде на многу критики, пред се од холандскиот селектор Роналд Куман кој рече дека нема да го вика веќе за репрезентацијата.

Со цел да не се добие слика дека во Саудиска Арабија тргна по пари, а не поради спортски предизвик, Бергвејн е полн со пофалби за лигата во оваа земја.

„Светот ќе види колку е добра, колку е конкурентна лигата во Саудиска Арабија“, вели Бергвајн.

„Коментарите на Куман? Тие можеби мислат дека лигата не е добра, треба да дојдат тука, да видат, па потоа да зборуваат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани