Бепе Марота тераше мајтап со Ибра, му подари дрес од Интер со две ѕвезди (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Ибрахимовиќ

Директорот на Интер, Бепе Марота го изненади Златан Ибрахимовиќ во Ријад со интересен подарок, напаѓачот доби дрес од „нероаѕурите“ со две ѕвезди на грбот во знак на освоените 20 титули во Серија А.

Овие денови во Саудиска Арабија на програмата е Суперкупот на Италија, а во пресрет на натпреварите, претставници на Интер, Милан, Аталанта и Јувентус беа на средба кај амбасадорот на Италија во Ријад.

Сите си разменија подароци, а на медиумите им падна во очи подарокот кој Бепе Марота му го даде на Златан Ибрахимовиќ.

Директорот на „нероаѕурите“ за својот колега од таборот на „росонерите“ имаше подготвено дрес од Интер со две ѕвезди на грбот во знак на освоените 20 титули во Серија А.

Интер успеа да стигне до овој јубилеј пред својот локален ривал откако минатата сезона се радуваше на ново Скудето, кое беше запечатено токму со победа над Милан во лутото градско дерби.

Бепе Марота и Златан Ибрахимовиќ позираа со насмевка покрај дресот, но сигурно на Шавеѓанецот не му било сеедно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани