Бензема со мајсторија во 89. минута спаси бламажа на Реал против фенерџијата Уеска на Бернабеу (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Зинедин Зидан за
овој меч реши да направи голем број на измени. Варан, Модриќ, Крос и Асенсио не
беа повикани, Куртоа беше повреден, Навас доби одмор па неговиот син Лука Зидан
се најде помеѓу стативите.

Младиот голман
капитулираше веќе во 3. минута, по една одлична акција Чучи погоди за 0-1.

Реал Мадрид
изедначи преку Иско во 25. минута, Шпанецот на асистенција на Диаз од два метри
ја затресе празната мрежа за 1-1.

Себаљос погоди во
62. минута за пресврт и 2-1, но гостите не се предадоа и преку Ечеита се
изборија за 2-2.

Сепак, Бензема не
дозволи нова бламажа, и мајсторски пласираше во аголот во 89. минута за 3-2 и
славје.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×