Бензема не дозволи нов срам, Реал до прва победа на подготовките за новата сезона (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на
Зинедин Зидан прилично се мачат на контролните мечеви ова лето, против Атлетико
беа понижени со 7-3 и немаа ниту една победа (дуелот со Арсенал заврши нерешено
во регуларниот дел, Реал беше подобар на пенали).

„Кралевите“ сепак вечерва конечно се израдуваа на триумф, го совладаа Фенербахче со 5-3 на Ауди
Куп.

Мечот почна лошо
за Реал, Фенер поведе рано со голот на Родригес а веднаш потоа имаше и прилика за
2-0, но Кејлор одбрани а дефанзивците расчистуваа на гол линија.

Една
грешна на гостите го врати Реал во игра, Бензема изедначи на 1-1 во 12. минута.
Напаѓачот потоа погоди и за 2-1, но Дирар се погрижи на полувреме да се замине
со 2-2.

Бензема
комплетираше хет-трик во 53. минута за водство од 3-2, но Фенер не се предаде и
преку Туфан изедначи на 3-3 по еден час игра.

Сепак, само 120
секунди подоцна Начо го врати Реал во водство, за Маријано во 80. минута да ги
постави конечните 5-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×