87
Бензема и Роналдо играат во очајна форма во Примера, но лошата серија е прекината денес на дуелот со Малага.
Двајцата се запишаа во листата на стрелците, и тоа за прв пат по 10 месеци. Последен пат погодија заедно во домашното првенство на Сантијаго Бернабеу во јануари.
Попладнево, Реал Мадрид славеше со 3-2 над Малага а гол серијата ја отвори Бензема во 9. минута.
Роланд потоа изедначи на 1-1 во 18. минута, за Касемиро по еден корнер да ги варти домаќините во предност само 180 секунди подоцна.
Кастро донесе ново изедначување во 58. минута, но Кристијано Роналдо се погрижи трите бода да останат во Мадрид.
Португалецот во 76. минута не реализираше пенал, но прв стигна до топката и од втора донесе 3-2 и победа.