Бензема го објасни магичниот слалом на дуелот со Атлетико (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кон финишот на првиот дел, Реал Мадрид ги урна сите надежи на домаќините со голот на Иско, откако претходно преку Нигез и Гризман, Атлетико имаше водство од 2-0.

Голема заслуга за голот има Карим Бензема, напаѓачот имаше магичен слалом и на мал простор издрибла тројца противнички играчи.

Зинедин Зидан по крајот на натпреварот рече дека не знае како неговиот играч успеал да помине.

Карим Бензема, кој често е критикуван за слабите перформанси, сега го објасни својот потег.

„Се обидов и успеав“ – вели Бензема.

„Добив длабока топка, бев осамен и одеднаш се најдов опкружен од тројца противници“.

„Се обидов да дриблам и поминав. Му подадов на Крос и тоа не врати во игра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани