Бенитез „лапнал“ над половина милион евра бонус за триумфот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите

by
1 минути читање

Шпанецот седна на жешкото столче на Сантијаго Бернабеу на почетокот од сезоната 2015/2016, но на кормилото издржа само до јануари 2016 кога доби „клоца“ по серијата слаби резултати.

Флорентино Перез му врачи отказ на Рафа Бенитез и на негово место го именуваше Зинедин Зидан, кој потоа го предводеше Реал Мадрид до 11. трофеј од најелитното европско натпреварување.

Документите добиени од Фудбал Ликс откриваат дека за раскинот на договорот, Рафа Бенитез инкасирал околу 8,5 милиони фунти или нешто над 10 милиони евра.

Стратегот исто така „лапнал“ и бонус од 500.000 фунти, или околу 595.000 евра за триумфот во Лигата на шампионите, и покрај тоа што Зинедин Зидан беше на клупата.

Рафа Бенитез во 2016 добил и 1 милион фунти од Њукасл за последните три месеци од сезоната 2015/16 во Премиерлига.

Па на финансиски план годината била прилично успешна, и покрај тоа што Рафа Бенитез доби отказ од Реал а потоа испадна и од Премиерлигата со Њукасл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани