Бенитез го доби проектот кој го бараше, замина на печалба во Кина и стана еден од најплатените тренери во светот

by
1 минути читање

Искусниот стратег
вчера се раздели со Њукасл откако не успеа да пронајде согласност со
сопственикот Мајк Ешли за продолжување на соработката, двете страни имаа
различни визии за иднината на клубот.

Сепак, тој само 24
часа беше без работа. Денеска пристигна потврда дека Рафа Бенитез заминува на
печалба во Кина. Шпанецот реши да го прифати проектот кој му го понуди Далијан
Јифанг.

„Далијан е клуб
чиј проект ги исполнува сите барања кои ги имавме за почеток на нова авантура
со голем ентузијазам. Лидерите на клубот се луѓе кои ценат што имам направено
во кариерата“
– се вели во соопштението на Рафа Бенитез.

Авантурата на
Далечниот исток ќе биде и прилично економски исплатлива. Медиумите пренесуваат
дека Рафа Бенитез ќе има плата од 12 милиони фунти (околу 13,5 милиони евра) по
сезона и ќе биде еден од најплатените тренери во светот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани