Бенфика заинтересирана за Елмас

by
1 минути читање

21 годишниот Елиф
Елмас е на радарот на Бенфика, за што извести тамошниот медиум „ТВИ24“, а
португалскиот гигант би можел да испрати понуда за Македонецот уште во
јануарскиот преоден рок.

Од таму додаваат
дека првичната замисла на Бенфика е да се обиде да го доведе нашиот
интернационалец на позајмица, меѓутоа не се исклучува и можноста за договор со
Наполи за трансфер.

Елмас во август
годинава потпиша нов договор со Наполи кој е со важност до 2025 година, а во
редовите на италијанскиот прволигаш дојде од Фенербахче лани.

Во новата сезона
Елмас запиша седум настапи во Серија А во дресот на Наполи на кои постигна и
еден погодок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×