113
Приоритет на Барса во летниот преоден рок е ангажман на нов десен бек, и се
шпекулираше дека Ектор Бељерин е прва желба.
„Каталонците“ сакаат да го вратат Шпанецот на Камп Ноу, но Арсенал одбива
да го продаде играчот, па Барселона разгледува други опции.
Според медиумие од Португалија, изборот поднал на Нелсон Семедо од Бенфика.
А Бола пренесува дека преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза, и
Бенфика за прв пат ќе продаде фудбалер за 50 милиони евра.
За услугите на 23 годишниот Португалец интерес пројавуваат уште неколку
клубови, помеѓу кои Манчестер јунајтед и Манчестер Сити.