Бенфика не може да се помири со одлуката на УЕФА – Престијани ќе патува во Мадрид!

by Стефан
1 минути читање

Од редовите на Бенфика тргнаа во офанзива против одлуката на УЕФА да му изрече суспензија на младиот Престијани, кој е под истрага за наводен расистички инцидент кон Винисиус.

Од Нион соопштија дека дисциплинската постапка сè уште е во тек и дека привремената мерка не претставува пресуда за вина. Сепак, во Лисабон сметаат дека доказите против нивниот фудбалер се неубедливи и дека одлуката се темели исклучиво на изјави од спротивната страна.

Бенфика воедно отвора и прашање за, како што велат, нееднаков третман. Клубот реагирал и за стартот на Валверде, кој според нивните толкувања бил прекумерно груб, но жалбата била одбиена. Дополнително, од Лисабон посочуваат дека не биле санкционирани ниту Мбапе и Винисиус, иако, како што тврдат, камерите јасно регистрирале навреди кон Престијани.

Во сенка на целиот случај останува и фактот дека тренерот Жозе Мурињо поради црвениот картон нема да одржи прес-конференции пред и по реваншот. Интересно, од Бенфика одлучиле Престијани да патува со екипата, иако нема право на наста, потег со кој сакаат да искажат поддршка за својот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×