Бенфика испадна од Лига купот на Португалија, Мурињо не ги пушти фудбалерите да си одат дома!

by riste
1 минути читање

Бенфика синоќа со 1-3 беше поразена од Брага во полуфиналето од Лига купот на Португалија кое се играше на неутрален терен, Жозе Мурињо беше бесен по загубениот меч до тој степен што одлучи да не ги пушти фудбалерите да си одат дома.

Португалецот рече дека се враќаат во тренинг кампот и таму ќе спијат, доколку воопшто можат да спијат.

„Вечерва не се враќаме дома, ќе одиме во тренинг кампот и таму ќе спиеме. Фудбалерите ќе спијат таму. И се надевам дека ќе спијат добро исто како мене. Односно нема воопшто да спијат. Се надевам дека нема да можат да заспијат вечерва“, рече лутиот Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×