Бенфика го потврди трансферот на Едерсон во Сити, рекордот на Буфон останува недопрен

by
1 минути читање

Шампионот на Португалија ги потврди сториите на медиумите од Англија, голманот Едерсон Мораеш се сли во Манчестер Сити.

Бенфика соопшти дека има договор со „Граѓаните“ за трансфер на Бразилецот вреден 40 милиони евра.

Рекордот на Џиџи Буфон сепак ќе остане недопрен, преселбата на Италијанецот во Јувентус во зделка вредна 50 милиони евра останува најскап трансфер за еден голман.

Бенфика исто така соопшти дека целата сума нема да легне на нивна сметка,  50% од парите или 20 милиони евра ќе завршат кај компанија која поседува дел од правата на 23 годишниот Едерсон Мораеш.

Се верува дека ова е последната пречка за и Манчестер Сити официјално да го потврди трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани