Бенфика ја освои првата титула оваа сезона, откако на „Естадио Алгарве“ во дербито од Суперкупот на Португалија го совлада Спортинг со 0-1.
Големото градско дерби понуди цврст фудбал и голема тактичка битка, а на крајот славеа „орлите“ благодарение на погодокот на Вангелис Павлидис.
Спортинг подобро го отвори натпреварот и уште во петтата минута постигна гол преку Педро Гонсалвеш, но истиот беше поништен поради офсајд. До крајот на полувремето немаше многу шанси, а решавачкиот момент се случи на стартот од вториот дел. Во 50. минута Павлидис доби топка на работ од шеснаесетникот и со прецизен удар ја затресе мрежата за водство на Бенфика. Спортинг до крајот тргна по израмнување, создаде неколку шанси, но не успеа да го најде патот до мрежата.
За Бенфика ова е нов трофеј во домашниот фудбал и добра најава за новата сезона.