„Милионерите“
вчера со 2-3 во драматичен натпревар славеа над Баерн Минхен и се пласираа во
финалето од Купот на Германија.
Борусија Дортмунд
поведе со голот на Ројс, но до крајот на првиот дел, домаќините направија
целосен пресврт преку Мартинез и Хумелс.
Сепак, во вториот
дел следуваше нов пресврт овој пат во режија на гостите, кои преку Обамејанг и
Дембеле стигнаа до победа од 2-3.
Сепак, херој на
„Милионерите“ е Свен Бендер, дефанзивецот при резултат 2-1 со маестрална
интервенција спаси чист гол.
Тој одлично го
процени шутот на Робен, се фрли на гол линијата и ја закачи топката со левата
нога, која потоа заврши во пречката па во стативата.
На Холанѓанецот
не му се веруваше како мрежата остана незатресена, а Дортмунд доби мотив плус и
за кратко време направи пресврт.