Белупо го испофали Несторовски: Браво мајсторе, остани ни таков до крајот на сезоната!

by riste
1 минути читање

Хрватскиот клуб, Славен Белупо не се штедеше со пофалби за македонскиот напаѓач, Илија Несторовски кој игра одлична сезона.

Несторовски се препороди во Славен Белупо, а клубот е презадоволен од неговите настапи.

„Илија Несторовски во Велика Горица го даде петтиот гол и впиша втора асистенција во првенството, а ако на тоа го додадеме и голот од купот, тогаш е на бројката од шест голови во 17 натпревари за Славен Белупо.

Беше играч на натпреварот, најдобро оценет (8,7) напаѓач на минатото коло во Хрватската лига, заврши во тимот на колото, а покрај голот и асистенцијата имаше и 76 отсто точни додавања, 52 допири со топката, беше во 21 дуел, претрпе два прекршоци, пресече две топки, елииминираше две опасности. А има само 35 години!

Браво Илија, мајсторе! Остани ни таков и во последните 10 кола, односно завршницата на купот“, стои во написот на Славен Белупо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×