Дел од
каталонските медиуми шпекулираат дека Барселона наводно постигнала договор околу трансферот на 22. годишниот дефанзивец на Арсенал, Ектор Бељерин.
Иако пред неколку
месеци потпиша договор со лондонскиот премиерлигаш до 2023. година, се чини
дека дилемите околу неговата иднина сеуште не се решени, и покрај неговите
изјави дека сака да остане во Лондон.
За фудбалерот кој
потекнува од академијата на Барселона и натаму се пишува дека би можел да се
врати во клубот каде ги имаше своите први фудбалски чекори.
Неофицијалните
информации велат дека Бељерин во наредните неколку денови ќе разговара со шефот на стручниот штаб на
Арсенал, Арсен Венгер на тема околу заминувањето во Барселона.
Освен Барселона,
интерес за него истовремено прикажуваа Манчестер Сити и Баерн Минхен.