Ектор Бељерин е прва опција на Барселона за засилување на десната бековска
позиција.
Арсенал сака да го задржи младиот Шпанец, па самиот играч сега ќе побара
трансфер и ќе се обиде да изврши притисок.
Според пишувањата на Марка, Ектор Бељерин ќе има средба со Арсен Венгер следната недела и ќе го
извести менаџерот на „Топчиите“ дека сака да се врати на Камп Ноу.
Со еден ваков потег, десниот бек ќе ги следи стапките на Марко Верати, кој
исто така побара трансфер во Барселона.
ПСЖ не сака да слушне за продажба на Марко Верати и покрај тоа што се
споменуваат суми од 100 милиони евра.
Останува да се види каков ќе биде ставот на Арсенал, и дали клубот од
Северен Лондон ќе може да одолее откако во минатото во слична ситуација го
загуби Сеск Фабрегас.