Бељерин: Мојата лојанолст кон Венгер вреди повеќе од пари

by
3 минути читање

22 годишниот
Шпанец го привлече вниманието со добрите игри во дресот на „Топчиите“, па често
се говори за негов трансфер во Барселона и Манчестер Сити.

Ектор Бељерин е
продукт на младинската школа на „Каталонците“ но откако не доби шанса, реши да
ја прифати понудата на Арсен Венгер и да се пресели во Арсенал, каде под
водство на Французинот прерасна во еден од најперспективните десни бекови.

„Секако дека сум
поласкан од интересот на Барса, се работи за најдобриот клуб во светот
– вели играчот во разговор со Мундо
Депортиво.

„Фактот дека
пораснав во школата на Барса сто ова го прави малку специјално. Но сега
фокусирам сум само на натпреварите до крајот на сезоната, за се друго ќе му ја
мислам потоа
.

„Кога заминав од
Барселона, мојата идеја беше да не се вратам, бидејќи заминувањето беше малку
комплицирано
.

„Сакав да ја
искусам авантурата во Англија, да станам фудбалер и да не се вратам
.

„Заминав од Барса
бидејќи чуствував дека клубот нема верба во мене, не бев доволно ценет
.

„Но никогаш не
знаете што носи иднината во фудбалот и не можете да затворите ниту една врата
.

Запрашан за интересот на Манчестер Сити, тој додава: „Знам дека постоеше
интерес од Сити, комплимент е кога тренер како Пеп Гвардиола мисли на вас, тоа
е знак дека добро ви оди
.

За следниот чекор
на младиот Шпанец клучна ќе биде и иднината на Арсен Венгер.

„Лојалноста кон
тој човек за мене вреди повеќе од пари. Тој е многу важен за мене. Тоа што е
тука е од голема важност за мене
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани